Тој

Тој беше најлошиот,во градот кружеја муабети дека е клошар,хулиган,срцекршач.И тоа беше точно.Тој беше срцекршач без грижа на совест,без никакви чувства,само страст и секс во доцните часови додека таа го чекаше будна да и прати порака за лека ноќ.И знаеше да ја навреди и да ја убие надежта која сјаеше во нејзините детски очи.Но сепак тој беше нејзиниот хулиган,нејзиниот клошар и колку и да знаеше дека е туѓ сепак го сакаше.Таа беше само дете кое очекуваше многу од животот а не доби ништо.Го смени животот заради него и од она невино мирно девојче се претвори во опасна девојка,онаква каква што тој посакуваше,не и одговараше промената но се смени,заради него.А тој не знаеше да почитува,зеде залет и посака да ја има секоја во градот,мислеше дека таа ќе остане да го чека и да го сака.Погреши пријателе,тоа наивно глупаво девојче успеа да излезе од твојата сенка и да продолжи со животот.А сега гледај ја како е среќна со некој друг.Некој што и го даде она што ти никогаш не успеа,љубов,затоа што не беше доволно машко да сакаш,И утре ќе се разбудиш знаејќи дека таа што си ја имал вчера не вреди и дека немало љубов,само страст и алкохол.Такви ко тебе ги има на секој ќош,луѓе кои не ги бидува за ништо.Тој е поинаков,за разлика од тебе направи нешто за кое ти не беше способен.Ја сакаше.

Image

Врати се

Само тивко липкање во глувата доба

некои нови чекори во старата празна соба,

џемпер од кашмир со познат мирис на ванила

и некој познат милозвучлив глас кој тивко шепоти мила.

И се будам од лоши соништа,барам поддршка но тука ја нема

само семејна слика на ѕидот која надежта ми ја зема

упорно барам топла прегратка,утеха кога се плашам

но доволно е што знам дека таа е добро

и уште ја чувам сликата наша.

Си ги топлам рацете и тивко плачам,сега кога знам дека никој не ме гледа

ти простувам најмила знам неможеше да живееш во беда

знам дека долго се мачеше и не ти беше ова планот

но оваа ноќ си ми најпотребна дур плачам

те молам врати се мамо.

Image

Другата во мене

Непознат лик наспроти мене,некоја девојка која непрестано зјапа во мене од огледалото.Која е таа?Високо крената коса,црн креон и горко црвен кармин.Во нејзините зеници стои запечатен гнев.По ѓаволите,во што тоа се претворив?Каде е она девојче кое беше постојано насмеано?Каде се тие секогаш весели очи кои зрачеја со љубов?Проклетство,што се случува со мене?Знаев да бидам среќна и да се радувам на малите работи,да се радувам на мирисот на утринското кафе,на снегот,на семејниот ручек во недела,сите тие ситници кои ме правеја среќна.А сега?Се е монотоно и депресивно.Заборавив да се смеам и чинам ништо на светов не би можело да ме израдува.Ти ме претвори во ова проклет да си!Ме научи да го мразам целиот свет но никогаш не ме научи да те мразам тебе!Ме уништи.Сега сум девојка која не се плаши да каже пред светот што мисли,ги изгубив пријателите и останав заробена во твојата сенка чекајќи те.А ноќите се најтешки,тогаш ја симнувам маската на силна жена и дозволувам соллзите да зборуваат,и секогаш исто,секогаш се лажам дека помина и дека повеќе не постоиш за мене.Секое утро знам да си ги наруменам образите и да ги прикријам твоите гревови кои ги остави како печат.Безуспешно,можам да зборувам дека те заборавив но ноќите се сведоци,тие знаат.Лажам.

Image

П.С Те сакам.

Таа ноќ дозволив сите да ми ги видат солзите,таа ноќ плачев,преколнував без ни трошка срам.Ја оставив гордоста и кажав се што мислев,да си ја олеснам душата.И толку болеше.гледав во неговите очи и низ липкање му признав колку ме болеше тоа што ме предаде.Му кажав колку го сакав и колку непроспиени ноќи поминав заради него.Таа ноќ не мислев на утре,не мислев што ќе биде и како ќе биде,само кажав се што ми лежеше на срце.Очекував некоја реакција,очекував да се сожали и да рече барем едно извини,а не добив ништо.Само ме гледаше и се колнам дека во тој поглед видов задоволство,му се допаѓаше она што го гледаше,му се нахрануваше егото и чинам во секој момент ќе прснеше од смеа.И таа вечер ги исплакав солзите,и на местото каде што стоеја солзи се насели гневот.Во моите зеници стои запечатен гнев.Тој секогаш ме учеше да го мразам целиот свет но никогаш не ме научи да го мразам него, и не го мразам,само ми се гади од тоа што станал,тој не е човек,тој не е истиот.Не е човекот кој ме чуваше кога се плашев дека ќе останам сама,не е човекот кој плачеше заедно со мене секогаш штом заплакав,а тоа и ме боли.Сега е веќе сеедно,тој е со неа,и среќен е,а тоа е најважно.Таа е прекрасна и знам дека никогаш не би можела да се споредам со неа.Среќна сум за тебе најмило,ти посакувам се најубаво во животот и сум тука за да те поддржам.

Со љубов твојата најдобра пријателка.

Image

Спомени.

Благо затишје,раните мугри спомени носат

јас го чувствувам неговиот мирис,неговите прсти во мојата коса

погледот во далечините се губи,повторно го гледам она исто место,

повторно спомените ги будам таму каде што ние се среќававме толку често.

На изгубената плажа некаде длабоко во песокот,стојат нашите стапки со времето избришани

на старото дрво засекогаш ќе стојат нашите имиња со љубов испишани.

Ја помниш ли старата клупа?Го помниш ли дворецот?

мириса чудесно,само отвори го прозорецот

и ќе видиш каде јас помеѓу сонот и реалноста се судирам,

ќе видиш каде се молам за тебе,како потајно умирам,

ќе видиш колку ми е тешко,колку се мачам да заборавам

затоа што останаа некои лузни,лузни од кои е тешко да се опоравам.

Не грижи се не те заборавив,ти засекогаш ќе останеш во песните на еден поет со детско срце,во песните на девојката што сеуште те сака,

онаа луда девојка која поверува на твоите зборови,дека пишано било да биде така.

И секој ден ангелите по илјада солзи ми праќаат,и оддеднаш како стари возови,спомени на тебе ми навраќаат. 

Image

Оваа ноќ.

Оваа ноќ небото ќе плаче,ноќва ќе паѓа дожд за да ги прикрие нејзините гревови.

Во нејзините очи се одрази неговиот лик,беше видно вознемирен,жеден за одговор.

Но нешто ја збунуваше,неговиот поглед ветуваше иднина, но неговиот парфем мирисаше само на минато,тие не би постоеле во овој свет зарем не?

Оваа ноќ ќе се случи нешто страшно,пеколот ќе ги отвори вратите за двајца грешници,

нивните души ќе горат и ќе црвјосуваат во темнината,во вечната темнина

таму каде не постои радост а ни светлина.

Шшшт…Не плаши се миличок,само малку ќе боли,ќе ги искорнеме срцата од градите и ќе се заколнеме на вечна љубов,ќе постоиме во некој друг свет.

Ајде љубов не плаши се,ќе бидеме исто како Ромео и Јулија ќе загинеме за љубовта.

Оваа ноќ е тивка како никоја до сега,

низ крвава плунка низ тишината се пробива само една реченица:

Убиј го саканиот,

Убиј го саканиот.

Image

Во заборав

Челични решетки и го држеја срцето уште од ноќта кога тој си замина,

таа ноќ го испрати саканиот и надежта во неа засекогаш загина.

Нејзините коски беа премногу лесни,за толкава тежина да носат,

таа ноќ го смени целиот живот,но остана неговата сакана,насмеана,поспана и боса.

И стана најлоша,го свати значењето на зборот омраза,

и повеќе не знаеше што е љубов,живееше само за одмазда.

Тие никогаш повеќе не прозбореја,освен оваа ноќ кога водката зборуваше наместо неа

оваа ноќ ја раскажа нивната приказна и она што некогаш беа.

Го подигна телефонот плашливо,тресејќи ја целата рака,

од другата страна го слушна добро познатиот глас и тивко прошепоти

Те сакам.

Image

Јас,ти и таа.

И што сега?Среќен ли си после се што направи?Ти се нахрануваше ли егото гледајќи ме со солзи во очите?Ми даде милион причини за да останам и на крајот си замина.Проклет да си,но не би можела да те мразам,никогаш.Се сеќаваш ли на секоја насмевка која несебично ми ја подаруваше?Секој бакнеж,секоја прегратка?Се беше лага зарем не?А ти беше најубавиот лажго кој некогаш сум го сретнала,и те сакав, онака искрено,детски,со солзи во очите те преколнував да останеш.Глупава девојка,никогаш не требаше да ти дадам до знаење дека ми значиш.А сега оди си,како никогаш да не си ни постоел,ветерот ќе ги избрише спомените и ќе ми го врати спокојот.Затвори ги очите,ете ја,топла насмеана и гола,разбушавена,поспана и само твоја,тоне во твоите прегратки и се топи.А сега отвори ги очите пријателе,таа е туѓа а ти довека нејзин!Ама ако,нека те боли исто како што ме болеше и мене.Животот е курва а ти мораш да го живееш.Еден ден ќе сватиш кој навистина те сакал,но ќе биде предоцна,веќе ме изгуби пријателе.

Image