Те Љубам

Те љубам,додека заоѓа сонцето. И би ти го кажала тоа додека те држам за рака. И додека се губам во погледот твој би ти кажувала за сите мои луди соништа,и за сите чаши вино во кој ги удавив истите. Те љубам,и додека светот ми се руши под нозе. Те љубам и кога не смеам,и кога не сакам.Јас сум премногу необична за тебе,премногу дива и комплицирана. Можеби еден ден ќе помислиш на мене. Можеби ќе држам нечива туѓа рака,можеби сеуште ќе пишувам за тебе,а можеби и ќе ме нема. Само знам дека еден ден ќе ги прочиташ моите песни,можеби намерно,можеби случајно. И тогаш,меѓу стотици зборови ќе го прочиташ своето име,меѓу илјадници други,ќе ја препознаеш нашата приказна,и ќе заплачеш. Нашето не беше судено,најмило мое. Времето беше против нас,местото каде те љубев,се беше погрешно. Освен љубовта,чуството кое ме влечеше до тебе,беше секогаш вистинско. Но не беше возвратено. Можеби никогаш и не разбра,можеби јас никогаш не го изговорив тоа на глас. Кога ќе ја прочиташ нашата приказна и кога ќе ги препознаеш местата за кој пишувам,ќе тагуваш,сигурна сум. Но немој,нашиот воз замина одамна од станицата. Излези на зајдисонце,и без оглед на тоа како се чуствуваш,само насмевни се. Ќе го видиш мојот лик,таму некаде,позади сета таа убавина,позади хоризонтот,каде е мирно и тивко. И како што сонцето полека ќе се спушта и избледува,така ќе избледе и мојот лик со него. Но пред засекогаш да си заминам,ќе почуствуваш мирис на рози,и сосем бледо но јасно ќе го слушнеш мојот глас. Ќе ти ја помилувам косата,и нежно ќе те бакнам на чело. Ќе биде исто како кога ветрот те милува,но ќе знаеш дека сум јас. За последен пат тивко ќе ти го шепнам она што ти одамна го знаеше. Дека те љубам,бескрајно. И ќе заминам. Ќе се збогувам со тебе и нашиот град кој ми ги даде најубавите спомени,и тебе. И кога ќе зајде сонцето и нема да има траг од неговата убавина,така ќе помине и мирисот на рози.  Заедно со сонцето,ќе згаснам и јас. Засекогаш. Држејќи твоја слика во рацеве.

Додека те љубам.

Збогум.

 

Збогум

Чашата е преполна,а душава ми е празна.

Деновите не минуваат,а ноќите траат со години.

Те мислам секогаш,како и обично.

Сонцето чинам е несреќно,оти срцево ми е.

А кога ноќта ќе падне,и месечко доаѓа до прозорот мој,за да ме утеши.

И низ солзи го колнам името твое,додека се гушам во очајот сопствен.

Не постојам,а не постоиш ни ти.

Единствено моите очи те правеја да изгледаш жив.

Единствено во мојот поглед изгледаше најубав.

А сега замини,сврти го грбот и не зборувај.

Оти не знаеш како боли.

Оти за тебе не постоев.

Оти ме уби.

Нема да те заборавам.

Од време,на време,ќе те споменам во песните мој.

Ќе ја пишувам нашата приказна која никогаш и не постоеше.

Ќе живеам од ден за ден со мислата дека едноставно никогаш не бев доволно добра за тебе.

Но ќе живеам.

Дали со болка,или среќна јас сепак ќе живеам.

И сети се,кога ќе ти е најтешко.

Само во моите очи живееше тоа што си навистина.

Во очите на другите си само тоа што се обидуваш да бидеш.

И ќе живееш тука,како совршенство.

И кога ќе те споменам ќе ми светнат очите,и некој ќе те види,на начинот на кој те гледав јас, некогаш.

И додека имам солзи,ќе живееш.

Засекогаш е малку за тоа што можевме да го имаме.

Сети се и ти некогаш на мене.

Како пријател.

Платонски

Ноќта се спушта полека додека срцево ја одкажува послушноста и заборава поради која причина се наоѓа во моево тело.

Стоиш до мене и те чуствувам поблизок од што би требало.Нашите очи водат љубов иако физички не се допираме.

Те познавам,ти ја слушам душата дури  раскажува  иако молчиме.

Рацете ни се чисти а душите грешни.

И кога зборуваш како времето да се сопира а моиве очи се вперени во твоите усни мислејќи на бакнежите кој ги заслужувам  а не смеам.

И додека се пронаоѓам во твојот поглед срцево забрзано чука како да си ми ги кажал најубавите зборови.

Мој си,твоја сум,туѓинци сме.

Твојот поглед го разбира мојот иако времето вели дека не се познаваме.

Платонска љубов,велат,но не се во право.

Нашите погледи водат љубов.

Нашите души велат те сакам.

Постоиме а сепак не постоиме.

И додека нашите усни разменија неколку зборови нашите очи раскажаа се.

Лека ноќ рече устата.

Те сакам прошепоти душата.

 

Нов Ден

Црно горко кафе како и душава, чадот од цигарата ми ги гори ноздриве.

Ги затворам очите и не постојам,И веќе ништо не е исто

Кафето е благо и бело

Цигарата не ми е во рака

Во позадина е нашата песна

А пред мене си ти

Истиот како што те паметам

Најубав и најгорделив

Мој си а знам дека ќе те изгубам

И веќе сме тука

Ти кога го вртиш грбот а мене солзи ми го милуваат лицето

Ти без зборови а јас со уште многу неискажани.

Таа вечер се сменив,веќе не се смеам

Не живеам,не постојам

Монотонијата е најчест гостин и студот ми се насели во коскиве

Секоја песна ме  потсеќа на тебе,секоја поема ја посветувам  на тебе.

Ти кој никогаш не ме сакаше и јас која најискрено те љубев.

Не те сакам,не те мислам,не постоиш за мене

Зедов голтка од горкото кафе и повторно се излажав.

Но утре  е нов ден.

Processed with VSCOcam with t1 preset
Processed with VSCOcam with t1 preset

Зборови

Чаша вино и удавени соништа

Црвено како крвта што се пролеа

Две срца искршени па залепени

Непоправливо,некои борби оставаат вечен траг.

Јас,ти,но не постои ние

Одамна сонцето не изгрева  исто.

Одамна мојот поглед не се пронаоѓа во твоите очи.

Мој си а ја држиш раката нејзина

И додека посакувам да не постоиш јас безкрајно те љубам.

Ти , ти кој ми го одзеде правото на живот сега погледни ме

Не сум истата а исто се насмевнувам

Истата сум а различно постапувам

И проклети да се ноќите кога ја прегрнуваш

И проклет да е денот што  не разделува

Проклет си ти и се што ме опколува

И Проклета да сум јас што не заборавам.

broken-wine-glass
Wallpapers from http://www.FreeTanic.Com – your free wallpapers, screensavers, games, and much more

Без Тебе

Не постојам,без твојот поглед во моите мртви очи не ќе живеам.

Без твоите прсти вплеткани во моите не ќе биде убаво,без твојата насмевка и сонцето нема да изгрее.

И срцето плаче со часови додека јас учтиво ти се насмевнувам,додека сме јас и ти еден до друг,на другата страна од собата е она.Додека јас сонувам за се што би можеле,ти сонуваш за усните нејзини.

Не обидувај се,не троши зборови на моите пусти сонови.Јас сум сеуште истата иако се променив.Во моите очи нема сјај,во мојата насмевка нема среќа.Јас сум одамна жив мртовец.

Таа е младоста која ти е потребна за да опстанеш.Нејзината детска насмевка ти ја враќа надежта,нејзините зборови се како потпевнување,таа е се што јас бев некогаш.

И прегрни ја најмило мое,не грижи се за мене,моите очи не ќе пуштат солза оти мртви се уште пред ти да се појавиш.Не гледај во мојот правец,не споменувај го името мое оти не ќе издржам,само живеј,смеј се,уживај.Нејзината рака ќе ти пружи надеж,мојата само би те депримирала.Не тагувајте најдраги мој за моето срце уништено,утре јас повторно ќе бидам истата.Ќе ја подигнам главата и ќе се насмевнам.Ќе ви посакам среќа и ќе тагувам онака како што најдобро знам,сама.10246598_690530287676772_3746110023203462042_n

Кругот на животот

Денови,месеци,години…Истиве зеници а некоја нова димензија,истово срце,а некој нов ритам,
се е исто,а сепак се е толку различно.Сеуште детски очи,сеуште чисто срце,сеуште страсен верувач.
Се е различно,а сепак се е исто.
Чудесија,прекрасно,сонцето сјае а сепак темно е.Месецот плаче а среќен е,ѕвездите спијат а будни се.
Денови,месеци,години…
Сонувам лица,сонувам сенки,ги гледам а не постојат,ги слушам а не зборуваат,плачам а солзи не капат.
Која сум? Дали постојам?Дали одразот кој го гледам во огледалото е вистински?
Која е суштината на сето ова?Зарем овој круг не престанува?Дали живеам или преживувам?
Прашања без одговор,луѓе без души,сенки кои играат во ритамот на некоја нова музика.
Не постоиме.
Не живееме.
Нашите души полни злоба се,
нашите срца се празнат за полни џебови.
Се движиме напред но гледаме позади.
Ние сме дното,најлошото.
Ние сме сето она кое не би смееле.
Прости ни,но веќе нема назад.
Уништи го светот за да ги спасиш нашите бедни души.
Уништи го денот,и ноќта и се поради кое постоиме
Одземи се од нас и остави не во беда каква никој до сега не видел.
И се прашувам,дали тогаш ќе сфатиме…
Ги продадовме најмилите,а сега касно е.

black-and-white-clock-eye-illustration-scratchboard-time-Favim.com-88902.jpg

За тебе

Ти беше сведок на првите чекори што ги напраев,смо ти ја знаеше мојата прва симпатија,
ти го слушна мојот прв збор,ти беше сведок на свка моја важна случка.
И како би те забораела?Се отуѓи животу мој,те искористија,ти ја искористија добрината и удреја по тебе,а ти сирот
со срце поголемо од планетава,ги прими свите ка твој деца да са,и у душа ти се населија бре.
Ми фалиш како што никој не ми фалел до сега,онаке да прошетам низ Поток или Певчина или да седнем у ајдучко на клупете у паркот.
да пројдемо до тетовчанка и да јадемо бурек у житен клас.Да седнемо на боза и сладолед у добро познатиот Београд
или на пример да седнемо у свети Кирил у дворчето и да уживамо покрај базенчето.Што ти се деси се прашуем?
Зар толку лсно се откажа од нас бре?зарем не ти значевмо?кј си да не утешиш,зар не знаеш колку те сакамо?
Ахх,све би продала да ми се вратиш назад,да те видим у најдобро светло,таќе најубав,жив,радосен.
Зошто ни се откажа толку брзо?
Си се видел ли на што личиш ?
Те изгазија со свекакви кондуре бе,те потепаја,те пцуеја,те вреѓаја а ти не напрае ништо
баеѓи си остарел,не личиш више на стариот ти,ме плашиш…Зар крајот ти доштол толку бргу?
Не,не,неее…
Зар забрае све ? Зар не ти значимо свите мие што толку те сакавмо,што уста ни се испењае фалејќи те?
Дај молим те,па уште си најдобриот,колку и да си остарен,колку и да те уништија,најубав си сваќаш?
па зарем би се вклопила поубоо негде другде ? Зар би ме ислушал некој друг како тебе ?
зар ми ги памти некој друг све спомените ?
А ? Не ти е срам да се откажеш од нас ? од најблиските,од најмилите?
Џабе е све,ти не си више истиот и никоаш нема ни да се вратиш,како што беше
ахх,да ми е барем уште еднаш да те видим таков насмеан,побудален од среќа
Ја те сакам,те сакамо свите,знаеш нели?
Ама више никој не издржуе да те гледа таков предаден,уништен
те предадоја,како можеја ли ?
Не се љути,те напуштаа зошто више се отуѓи ама уште те сакаа.
Држи се пријателу стар,ти си ми најстарото другарче од детството.
те сакам до бексрај,ама не можем да те спасим
и знај дека еден ден кој ќе ме прашаа за кого тугуем највише? и што ме боли највише
ќе ја спуштим главата и ќе се сетим,ама ќе се сетим на тебе каков што беше,најубав
и ќе заплачем,ќе им објасним за тоа колку си ти голем,колку си нешто најпрекрасно што постои
ама нешто што неможеше да ми остане
ќе те сакамо засвекоаш,зошто ти не создаде,ти не научи и ти не напрае људи,
не го забравај тоа никоаш
смо знај дека кој би ме прашале која е една работа што би ја сменила тоа би било да те вратим каков што беше
Најмил мој,најпрекрасно мое,единствено ТЕТОO ❤

Вистината Во Моите Очи

Тесни сокаци со страшни лица,темнина а сепак мирис на рози

смеење ради реда и кафе во дворот додека ветрот години носи

распеани деца и насмеани старци,и души полни со болка и гнев

толку омраза и толку беда,и насолзени очи додека се шири смев.

Се е толку болно и страшно кога го слушаш премолченото на секоја душа

толку е страшно кога луѓе врескаат а ти единствена тука слушаш.

Мрачно е,се плашам да заспијам оти и таму ги гледам

и насмеаната продавачка каде купувам леб,и таа умира во беда

И во сонот ги гледам како ме поздравуваат со плач,таму не се насмеани и радосни

во мојот сон не доаѓаат среќни луѓе туку сиромашни тажни и боси.

И барам помош и врескам,плачам додека ја согледувам вистината

јас единствена слушам врескање а толку многу ја сакам тишината.

Јас не можам да помогнам јас сум само дете кое пребрзо сваќа

дека и најдобриот човек прави грешки,и дека секоја грешка скапо се плаќа.

Но господи зарем јас да го слушам гневот,зарем јас да плачам наместо нив

Зарем да го слушам болниот лелек на мајката кое го изгубила чедото иако не бил крив.

Прости ни господи,ние луѓето сме чудни за обични смртници и премногу бараме

во наша корист и за наше добро дури и најблискиот го продаваме.

Но зошто секој човек умира сам и во тешки болки,па каде е тој среќен крај ?

Каде е тоа “Си живееја среќно до крајот на животот” и каде постои тој рај ?

Мојата мајка не ми раскажуваше приказни за сиромашни луѓе и деца боси

таа никогаш не ми кажа дека ќе истура,ми спомна само дека ќе роси.

И излегов не подготвена,излегов очекувајќи го принцот кој ќе ме спаси од тага

но зошто не доаѓа мамичке,зарем и тој беше најобична лага? 

Зошто не ми кажа за сите овие луѓе кои патат,зошто ме увери дека светот е убав?

Зошто не ми кажа дека луѓе умираат плачејќи и дека не постојат никакви чуда ?

Светот е тажен мамичке,господе прости ни ние сме криви,

наместо љубов водевме рат,избиравме луѓе да умираат,а денес можеја да бидат живи.

Те молам избави ги луѓето од сиот гнев,од сета болка и од сиот бес

Сакам да гледам вистински насмеани лица а не болест,очај и стрес.

Подари и утеха на мајката која го изгуби единственото чедо,

само подари им ум и така ќе се подобри светот

Севишен си господи,ќе победиш знам и верувам,

после големиот дожд кој поплави куќи,се надевам знаете што следува.

Image

 

 

За тебе

Секоја песна ти беше посветена тебе,секој поглед и секоја солза.Грешев најмило,прости ми,всушност грешевме и двајцата.јас молчев а ти не ми го разбираше погледот.Јас гледав многу со очите а ти уште повеќе љубеше.Секоја ноќ заспивав облеана во солзи и удавена во надеж за подобро утре.А ти,ти безгрижно ја бакнуваше и се губеше со секој допир по нејзиното тело.А јас сакав само да бидеш среќен,но не со неа,сакав да најдеш совршена девојка што ќе те љуби искрено,а не ороспија.И двајцата направивме милион грешки но заборави.Јас заборавив и простив,јас продолжив.Сега те држам за рака и се колнам не ми е ништо друго важно.Знам дека ме прифати онаква каква што сум но секогаш сакав да се променам,не затоа што ти сакаше туку за да направам да се гордееш со мене.Единствено мое,сега кога си конечно мој не те пуштам,сега сме јас и ти против целиот свет.Сега сум тука да те држам за рака и да се погрижам ништо да не те боли,ни скршена рака,ни главоболка,ниту пак некој ненамерно повредлив кажан збор.И те преколнувам остани,ќе остариме заедно,ќе си бидеме поддршка еден на друг,ќе бидеме таа љубов која опстанала.Ќе штедиме за дом и ќе се радуваме на тој прв збор,ќе се плашиме ако се закашла и ќе го учиме на љубов.Сепак во животот најважни се ситниците во кои уживаме.А ти си мојата ситница,мојата грешка.Првото утринско кафе е незамисливо без тебе,денот поминат без твоја прегратка е тажен а денот без твоето гласно смеење е монотон и депресивен.И уште илјада пати би ти кажала колку ми значиш и колку се гордеам со титулата твоја.Лошите работи се зад нас љубов,сега не се борам сама туку со тебе,сега сме непобедливи.И нема каење за ништо во минатото затоа што уште илјада пати би повторила и уште илјада пати би ти кажала

Секоја песна ти беше посветена тебе,секој поглед и секоја солза.

Image