Ноќта се спушта полека додека срцево ја одкажува послушноста и заборава поради која причина се наоѓа во моево тело.

Стоиш до мене и те чуствувам поблизок од што би требало.Нашите очи водат љубов иако физички не се допираме.

Те познавам,ти ја слушам душата дури  раскажува  иако молчиме.

Рацете ни се чисти а душите грешни.

И кога зборуваш како времето да се сопира а моиве очи се вперени во твоите усни мислејќи на бакнежите кој ги заслужувам  а не смеам.

И додека се пронаоѓам во твојот поглед срцево забрзано чука како да си ми ги кажал најубавите зборови.

Мој си,твоја сум,туѓинци сме.

Твојот поглед го разбира мојот иако времето вели дека не се познаваме.

Платонска љубов,велат,но не се во право.

Нашите погледи водат љубов.

Нашите души велат те сакам.

Постоиме а сепак не постоиме.

И додека нашите усни разменија неколку зборови нашите очи раскажаа се.

Лека ноќ рече устата.

Те сакам прошепоти душата.

 

Leave a comment