Непознат лик наспроти мене,некоја девојка која непрестано зјапа во мене од огледалото.Која е таа?Високо крената коса,црн креон и горко црвен кармин.Во нејзините зеници стои запечатен гнев.По ѓаволите,во што тоа се претворив?Каде е она девојче кое беше постојано насмеано?Каде се тие секогаш весели очи кои зрачеја со љубов?Проклетство,што се случува со мене?Знаев да бидам среќна и да се радувам на малите работи,да се радувам на мирисот на утринското кафе,на снегот,на семејниот ручек во недела,сите тие ситници кои ме правеја среќна.А сега?Се е монотоно и депресивно.Заборавив да се смеам и чинам ништо на светов не би можело да ме израдува.Ти ме претвори во ова проклет да си!Ме научи да го мразам целиот свет но никогаш не ме научи да те мразам тебе!Ме уништи.Сега сум девојка која не се плаши да каже пред светот што мисли,ги изгубив пријателите и останав заробена во твојата сенка чекајќи те.А ноќите се најтешки,тогаш ја симнувам маската на силна жена и дозволувам соллзите да зборуваат,и секогаш исто,секогаш се лажам дека помина и дека повеќе не постоиш за мене.Секое утро знам да си ги наруменам образите и да ги прикријам твоите гревови кои ги остави како печат.Безуспешно,можам да зборувам дека те заборавив но ноќите се сведоци,тие знаат.Лажам.

Image

One thought on “Другата во мене

Leave a comment