Те љубам,додека заоѓа сонцето. И би ти го кажала тоа додека те држам за рака. И додека се губам во погледот твој би ти кажувала за сите мои луди соништа,и за сите чаши вино во кој ги удавив истите. Те љубам,и додека светот ми се руши под нозе. Те љубам и кога не смеам,и кога не сакам.Јас сум премногу необична за тебе,премногу дива и комплицирана. Можеби еден ден ќе помислиш на мене. Можеби ќе држам нечива туѓа рака,можеби сеуште ќе пишувам за тебе,а можеби и ќе ме нема. Само знам дека еден ден ќе ги прочиташ моите песни,можеби намерно,можеби случајно. И тогаш,меѓу стотици зборови ќе го прочиташ своето име,меѓу илјадници други,ќе ја препознаеш нашата приказна,и ќе заплачеш. Нашето не беше судено,најмило мое. Времето беше против нас,местото каде те љубев,се беше погрешно. Освен љубовта,чуството кое ме влечеше до тебе,беше секогаш вистинско. Но не беше возвратено. Можеби никогаш и не разбра,можеби јас никогаш не го изговорив тоа на глас. Кога ќе ја прочиташ нашата приказна и кога ќе ги препознаеш местата за кој пишувам,ќе тагуваш,сигурна сум. Но немој,нашиот воз замина одамна од станицата. Излези на зајдисонце,и без оглед на тоа како се чуствуваш,само насмевни се. Ќе го видиш мојот лик,таму некаде,позади сета таа убавина,позади хоризонтот,каде е мирно и тивко. И како што сонцето полека ќе се спушта и избледува,така ќе избледе и мојот лик со него. Но пред засекогаш да си заминам,ќе почуствуваш мирис на рози,и сосем бледо но јасно ќе го слушнеш мојот глас. Ќе ти ја помилувам косата,и нежно ќе те бакнам на чело. Ќе биде исто како кога ветрот те милува,но ќе знаеш дека сум јас. За последен пат тивко ќе ти го шепнам она што ти одамна го знаеше. Дека те љубам,бескрајно. И ќе заминам. Ќе се збогувам со тебе и нашиот град кој ми ги даде најубавите спомени,и тебе. И кога ќе зајде сонцето и нема да има траг од неговата убавина,така ќе помине и мирисот на рози.  Заедно со сонцето,ќе згаснам и јас. Засекогаш. Држејќи твоја слика во рацеве.

Додека те љубам.

Збогум.

 

Leave a comment