Еден Ден

Еден ден ќе го почуствуваш мирисот на липа кој ќе те намами на пролетна прошетка.

Ќе те води на местата каде што бевме среќни,да се присетиш.

Ќе чекориш по празни улици со толпа од луѓе.

продавачи,деца,парови и старци.Но некој недостига,

Еден ден носталгијата ќе посегне по тебе и ќе посакаш да можеш да го вратиш времето назад и да поминеш барем уште еден ден пресреќен,да се почуствуваш сакан,и ќе заплачеш.

Ќе слушнеш некоја стара песна и илјадници слики ќе ти поминат низ глава,и ќе си ги воздржуваш солзите исто како што правев јас кога ми кажуваше за неа.

И точно на изгрејсонце ќе здогледаш двајца прегрнати млади,а погледот ќе го задржиш над хоризонтот каде бледо ќе се гледа мојот лик.

Сети се.

Затвори ги очите и стави рака на градите

Ете сме,исто како и некогаш,среќни и прегрнати.

Јас сум насмеана,затоа не пуштај солза најмило

само остави една роза и потсети се

со најубавата насмевка прошепоти среќен роденден и затвори ги очите.

Ќе го почуствуваш мојот допир и за последен пат толку реално ќе ја видиш мојата насмевка.

И ќе сватиш.

Каде и да сум те чувам.

Најсакано мое.

Image

Не Заборавај

И како што минуваа деновите се посилно и посилно се обидував да пронајдам некој извор на сила и енергија и да го завршам она што самата свесно го започнав.А ме болеше,знаејќи колку многу го сакав во моите очи беше скоро невозможно,незамисливо.Па како ли би изгледало тоа утро да се разбудам а да не го слушнам тој глас како поспано и толку неодоливо го изговара моето име?Каква би била ноќта ако не те слушнам,и како би изгледал мојот ден ако не те гушнам?Најмило мое,со кој зборови да ти кажам?Како да го прекинам она без кое неможам да живеам?Но знаеш,ти си навикнат да живееш за ноќите каде заспиваш во прегратките на различна жена.Твојата среќа се состои од огромна количина на алкохол и секс без никаква емоција.А јас не би можела да живеам таков живот,јас сум научена на нежност зачинета со умерена страст,на прегратки без никаква причина,бакнежи на дожд и по некој неочекувано подарен цвет,она што за тебе е клише,бедно.Јас бескрајно љубам и се надевам,таква сум јебига.Милион пати ти простив што ме навреди,што ме повреди и што заспиваше во туѓи прегратки,зарем не ти бев доволна?Зарем не се потрудив доволно и не се жртвував за тебе?Се прашувам зошто сеуште си тука?Ако не ти бев доволна и го немав она што другите го имаа зошто не си замина од мене?Полесно ќе преболев,можеби ќе плачев и ќе бев уништена но барем немаше да дозволам да ме гледаш во очи и иронично да се смешкаш кажувајќи ми како си ја бакнувал.Знаеше дека немам сила да ти речам да си заминеш,знаеше дека ми значиш повеќе од се,знаеше дека ќе те чекам нели?Ти се нахрануваше егото кога плачев ли?Како успеваш?Како правиш да те сакам иако ме газиш и ми црташ колкава будала сум?Како средуваш буквално се со едно извини без ни малечка доза на каење?Како ме маѓепса да ги затворам очите и да не гледам ништо освен тоа колку те сакам?И за последен пат те молам,остави ме.Оди си од мене и навреди ме,потсмевај ми се,фати ја неа за рака и покажи ми колку е поубава од мене,но не заборавај.Никогаш,ќе те љубам јас како да си сеуште мој оти срцево мое не знае за омраза,посебно кога се работи за тебе.

Најмило мое..

Image

Мојот свет

А сега дозволи темнината да се насели во твоите коски.

Почуствувај ја тежината и болката…

Послушај ги зборовите кои не ги кажувам.

Ги гледаш ли овие маски околу тебе?

Чудовишта ! Лажговци !

Се е толку темно зарем не?

Се што се слуша се само болни крици на повредени луѓе.

А сега погледни ме,од твојата десна страна,

Ги слушаш ли тие зборови што ги премолчувам?

прочитај го натписот што стои над мене 

„Кралица на тагата„

а сега погледни ги решетките околу нас,

Добредојде во мојот свет најмило. 

Image

Позади маската

Многу работи изгубив поради тебе,знаеш те пуштив да дознаеш многу повеќе од тоа што можев да си дозволам.Мислев дека си вистинскиот,ја оставив гордоста на страна и паднав на коленици молејќи за само малку љубов.Не требаше,Предоцна го сватив тоа,сега веќе нема назад.Тој си замина,како никогаш да не ни постоев,како да не создадовме толку прекрасна љубовна приказна,како да не бевме тим.Забораваш се што поминавме нели?Ги забораваш сите прегратки,сите бакнежи,сите заеднички спомени.Извини,знам дека не би требала сеуште да стојам тука чекајќи те,таа не би ти дозволила да дојдеш.Сепак јас не сум безчуствителна како тебе,јас не заборавам толку лесно,знаеш ли зошто?Затоа што јас сакав,јас не лажев,не глумев,не изневерував.Стоев на твојата страна и тогаш кога не требаше.Ете затоа неможам да си заминам,затоа што не сум лажга како тебе.Ми се гадиш.Знаеш ли што си ти?Ти си еден обичен кловн со искривени црти,се криеш позади маската затоа што си дури и премногу одвратен.На твоето лице се запечатени толку многу гревови и затоа и ја ставаш таа одвратна маска.Твојот живот е најобична фарса.Кршиш детски срца кога си заминуваш,но само кога ја имаш маската.И задоволен ли си со тоа?И секоја ноќ кога ќе одиш на починка ќе ја извадиш маската и ќе се погледнеш во огледало,тоа ли е одразот кој сакаш да го гледаш?Во мене сеуште живее некој дел од тебе и колку и да одрекувам на некој начин сеуште те сакам,но те молам замини.Со самото тоа што стоиш во моја близина правиш да ме боли повеќе,и секој пат кога ќе погледнам во твојата маска се повеќе и повеќе ми се гадиш.Замини додека е време,додека не си ми станал целосно одвратен,после се не би можела да те заборавам,но немој да глумиш пред мене.

Сепак сакам по добро да те паметам.

Image

Тој

Тој беше најлошиот,во градот кружеја муабети дека е клошар,хулиган,срцекршач.И тоа беше точно.Тој беше срцекршач без грижа на совест,без никакви чувства,само страст и секс во доцните часови додека таа го чекаше будна да и прати порака за лека ноќ.И знаеше да ја навреди и да ја убие надежта која сјаеше во нејзините детски очи.Но сепак тој беше нејзиниот хулиган,нејзиниот клошар и колку и да знаеше дека е туѓ сепак го сакаше.Таа беше само дете кое очекуваше многу од животот а не доби ништо.Го смени животот заради него и од она невино мирно девојче се претвори во опасна девојка,онаква каква што тој посакуваше,не и одговараше промената но се смени,заради него.А тој не знаеше да почитува,зеде залет и посака да ја има секоја во градот,мислеше дека таа ќе остане да го чека и да го сака.Погреши пријателе,тоа наивно глупаво девојче успеа да излезе од твојата сенка и да продолжи со животот.А сега гледај ја како е среќна со некој друг.Некој што и го даде она што ти никогаш не успеа,љубов,затоа што не беше доволно машко да сакаш,И утре ќе се разбудиш знаејќи дека таа што си ја имал вчера не вреди и дека немало љубов,само страст и алкохол.Такви ко тебе ги има на секој ќош,луѓе кои не ги бидува за ништо.Тој е поинаков,за разлика од тебе направи нешто за кое ти не беше способен.Ја сакаше.

Image

Врати се

Само тивко липкање во глувата доба

некои нови чекори во старата празна соба,

џемпер од кашмир со познат мирис на ванила

и некој познат милозвучлив глас кој тивко шепоти мила.

И се будам од лоши соништа,барам поддршка но тука ја нема

само семејна слика на ѕидот која надежта ми ја зема

упорно барам топла прегратка,утеха кога се плашам

но доволно е што знам дека таа е добро

и уште ја чувам сликата наша.

Си ги топлам рацете и тивко плачам,сега кога знам дека никој не ме гледа

ти простувам најмила знам неможеше да живееш во беда

знам дека долго се мачеше и не ти беше ова планот

но оваа ноќ си ми најпотребна дур плачам

те молам врати се мамо.

Image

Другата во мене

Непознат лик наспроти мене,некоја девојка која непрестано зјапа во мене од огледалото.Која е таа?Високо крената коса,црн креон и горко црвен кармин.Во нејзините зеници стои запечатен гнев.По ѓаволите,во што тоа се претворив?Каде е она девојче кое беше постојано насмеано?Каде се тие секогаш весели очи кои зрачеја со љубов?Проклетство,што се случува со мене?Знаев да бидам среќна и да се радувам на малите работи,да се радувам на мирисот на утринското кафе,на снегот,на семејниот ручек во недела,сите тие ситници кои ме правеја среќна.А сега?Се е монотоно и депресивно.Заборавив да се смеам и чинам ништо на светов не би можело да ме израдува.Ти ме претвори во ова проклет да си!Ме научи да го мразам целиот свет но никогаш не ме научи да те мразам тебе!Ме уништи.Сега сум девојка која не се плаши да каже пред светот што мисли,ги изгубив пријателите и останав заробена во твојата сенка чекајќи те.А ноќите се најтешки,тогаш ја симнувам маската на силна жена и дозволувам соллзите да зборуваат,и секогаш исто,секогаш се лажам дека помина и дека повеќе не постоиш за мене.Секое утро знам да си ги наруменам образите и да ги прикријам твоите гревови кои ги остави како печат.Безуспешно,можам да зборувам дека те заборавив но ноќите се сведоци,тие знаат.Лажам.

Image

П.С Те сакам.

Таа ноќ дозволив сите да ми ги видат солзите,таа ноќ плачев,преколнував без ни трошка срам.Ја оставив гордоста и кажав се што мислев,да си ја олеснам душата.И толку болеше.гледав во неговите очи и низ липкање му признав колку ме болеше тоа што ме предаде.Му кажав колку го сакав и колку непроспиени ноќи поминав заради него.Таа ноќ не мислев на утре,не мислев што ќе биде и како ќе биде,само кажав се што ми лежеше на срце.Очекував некоја реакција,очекував да се сожали и да рече барем едно извини,а не добив ништо.Само ме гледаше и се колнам дека во тој поглед видов задоволство,му се допаѓаше она што го гледаше,му се нахрануваше егото и чинам во секој момент ќе прснеше од смеа.И таа вечер ги исплакав солзите,и на местото каде што стоеја солзи се насели гневот.Во моите зеници стои запечатен гнев.Тој секогаш ме учеше да го мразам целиот свет но никогаш не ме научи да го мразам него, и не го мразам,само ми се гади од тоа што станал,тој не е човек,тој не е истиот.Не е човекот кој ме чуваше кога се плашев дека ќе останам сама,не е човекот кој плачеше заедно со мене секогаш штом заплакав,а тоа и ме боли.Сега е веќе сеедно,тој е со неа,и среќен е,а тоа е најважно.Таа е прекрасна и знам дека никогаш не би можела да се споредам со неа.Среќна сум за тебе најмило,ти посакувам се најубаво во животот и сум тука за да те поддржам.

Со љубов твојата најдобра пријателка.

Image

Спомени.

Благо затишје,раните мугри спомени носат

јас го чувствувам неговиот мирис,неговите прсти во мојата коса

погледот во далечините се губи,повторно го гледам она исто место,

повторно спомените ги будам таму каде што ние се среќававме толку често.

На изгубената плажа некаде длабоко во песокот,стојат нашите стапки со времето избришани

на старото дрво засекогаш ќе стојат нашите имиња со љубов испишани.

Ја помниш ли старата клупа?Го помниш ли дворецот?

мириса чудесно,само отвори го прозорецот

и ќе видиш каде јас помеѓу сонот и реалноста се судирам,

ќе видиш каде се молам за тебе,како потајно умирам,

ќе видиш колку ми е тешко,колку се мачам да заборавам

затоа што останаа некои лузни,лузни од кои е тешко да се опоравам.

Не грижи се не те заборавив,ти засекогаш ќе останеш во песните на еден поет со детско срце,во песните на девојката што сеуште те сака,

онаа луда девојка која поверува на твоите зборови,дека пишано било да биде така.

И секој ден ангелите по илјада солзи ми праќаат,и оддеднаш како стари возови,спомени на тебе ми навраќаат. 

Image

Оваа ноќ.

Оваа ноќ небото ќе плаче,ноќва ќе паѓа дожд за да ги прикрие нејзините гревови.

Во нејзините очи се одрази неговиот лик,беше видно вознемирен,жеден за одговор.

Но нешто ја збунуваше,неговиот поглед ветуваше иднина, но неговиот парфем мирисаше само на минато,тие не би постоеле во овој свет зарем не?

Оваа ноќ ќе се случи нешто страшно,пеколот ќе ги отвори вратите за двајца грешници,

нивните души ќе горат и ќе црвјосуваат во темнината,во вечната темнина

таму каде не постои радост а ни светлина.

Шшшт…Не плаши се миличок,само малку ќе боли,ќе ги искорнеме срцата од градите и ќе се заколнеме на вечна љубов,ќе постоиме во некој друг свет.

Ајде љубов не плаши се,ќе бидеме исто како Ромео и Јулија ќе загинеме за љубовта.

Оваа ноќ е тивка како никоја до сега,

низ крвава плунка низ тишината се пробива само една реченица:

Убиј го саканиот,

Убиј го саканиот.

Image